Услови за користење

на нашите услуги, регистрација на домени, веб хостинг, виртуелни сервери и дедицирани сервери. 

Датум : 29/11/2023

 

1. HOSTIKO.mk своите услуги за хостирање ги обезбедува за компании регистрирани во Малкедонија, како и за државјани на Р. Македонија. Наплатата за услугите се врши однапред за секоја година и износот платен е неповратлив.

Содржини дозволени за хостирање

2. HOSTIKO.mk на своите сервери не дозволува хостирање на сајтови забранети со закон во Р. Македонија. Имено, на нашите клиенти им е забрането да хостираат сајтови со порнографска содржина, сајтови кои шират расна, верска и друга меѓучовечка нетрпеливост, како и други содржини забранети со закон. Во таа смисла HOSTIKO.mk веднаш ќе го стопира прикажувањето на таквата содржина, а последниците ќе ги сноси договорната страна која ги користи нашите услуги.

 Потребни предуслови за користерње на нашите услуги

3. За да го хостираме вашиот вебсајт, потребно е да ги прикачите содржините на нашите сервери. Кога го правите ова прикачување, вие креирате една или повеќе копии на вашите содржини на нашиот систем. Вие сте единствено одговорни за обезбедувањето на сите содржини и други податоци кои го сочинуваат вашиот вебсајт. Ве молиме имајте во предвид дека иако прикачувате копија од вашите содржини на нашите сервери, морате секогаш да правите бекап копија на вашите содржини и други датотеки од сајтот, барем од време на време, како би можеле да ги повратите во случај на технички проблеми, како на пример проблеми со серверот, технички и системски поврзани проблеми, губење на содржините од нашите сервери, итн.

Резервни копии од Вашите податоци

4. Резервните копии спаѓаат секогаш во одговорност на клиентот. Клиентите мораат самите да си направат резервна копија со помош на алатките за хостирање во нивниот cPanel (контролен панел). Во таа смисла треба да имате во предвид дека секоја резервна копија завзема простор од вкупниот закупен простор.

5. HOSTIKO.mk нема да биде одговорен за било какви оштетувања на содржините на корисникот, вебсајтот на корисникот или други штети и дисфункционалности или прекини во испорачувањето на услугите предизвикани од неправилноста на содржините на корисникот или било кој аспект на вебсајтот на корисникот.

Корисникот е единствено одговорен за правењето на бекап копиите од неговиот вебсајт и содржините.

6. На барање на клиентот HOSTIKO.mk може да обезбеди услуга за секојдневен бекап на податоците, 7 дена наназад што е предмет на нова услуга која се доплаќа.

7. HOSTIKO.mk во зависност од пакетот нуди бесплатен бекап на податоци соодветен на понудата.

8. При користење на услугите виртуелни или дедицирани сервери, клиентот е обврзан самиот да си прави бекап на податоците. При евентуален проблем, потребно е истиот да се пријави во рок од 24 часа, во спротивно услугата може да биде недостапна подолго време. HOSTIKO.mk не може да биде и не е одговорен за губење на податоци доколку клиентот нема склучена посебна услуга или ако самиот не прави бекап на податоци.

9. Секое враќање на податоци од бекап, доколку HOSTIKO.mk располага со копија, се наплаќа по цена од 2000 денари.

10. Враќање на податоци на сајтот од бекап по истек на хостинг услугата се наплаќа по цена од 3000 денари.

Содржини

11. Сите продукти и услуги на овој вебсајт се во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

12. Корисникот се сложува да не покренува никакви спорови и тужби поврзани со користењето на нашите продукти и услуги.

Полиса за нула-толеранција на СПАМ

13. HOSTIKO.mk има нула-толеранција, анти-спам полиса, според која праќање на спам или друга несакана комерцијална е-пошта од нашите сервери строго е забранета. Ова вклучува, но не е ограничено само на: масовно испраќање на промотивни пораки, пропагандни материјали или непожелна комерцијална пошта на било кои групи на општествената заедница. Доколку праќате масовна пошта, имате обврска на примателите на таа пошта да им овозможите да се избришат себеси од вашата листа за масовна електронска пошта. Го задржуваме правото веднаш да ја деактивираме вашата сметка и да го спречиме понатамошното користење на нашите услуги доколку откриеме вакви активности. Било која организација или ентитет кои се на листата на ROKSO не можат да бидат хостирани на нашите сервери. Било кој акаунт кој ќе предизвика ставање на нашите IP адреси на црна листа ќе биде инстантно суспендиран и/или избришан. Покрај ова нашите сервери се опремени со висока технологија за заштита од спам пораки.

14. HOSTIKO.mk дозволува праќање на 70 пораки во рок од 5минути од секоја емаил адреса. Секој клиент има дозвола да праќа најмногу 250 пораки на секој час. Исто така доколку 40% од пораките кои што ги испраќате се невалидни и истите се враќаат назад или се одбиени од емаил серверите каде се обидувате да ги испратите постои заштита на серверско ниво за секој акаунт и овој лимит се ресетира на секој час. Сите пораки испратени над овој лимит нема да бидат успешно испратени.

Сопственост

15. Сите податоци кои се предмет на хостирање на серверите на HOSTIKO.mk се сопственост на клиентот.

16. Истотака клиентот има сопственост и над домените кои се регистрирани во негово име во МАРНЕТ за .мк домените и сите други домени кои се регистрирани на светско ниво.

17. Сопственоста трае додека клиентот ги користи услугите на HOSTIKO.mk и редовно ги плаќа обврските. 

18. Доколку клиентот ги откаже услугите или не ги плаќа обврските на време, сопственоста ја презема HOSTIKO.mkHOSTIKO.mk има право да ги откаже домените регистрирани или да ги задржи во своја сопственост.

19. За време на користењето на услугите на HOSTIKO.mk, клиентот има право да побара пренесување на сопственоста на домени во своја корист или кон трети лица. Доколку се откаже од услугите или не ги плаќа на време, HOSTIKO.mk нема обврска да ја пренесе сопственоста или има право да побара надокнада од најмалку 6000 денари.

Обновување на договорот

20. Клиентот е должен да го откаже договорот најмногу 15 дена пред истекувањето на договорот за хостинг услуги. Во спротивно ќе се смета дека клиентот сака да го обнови договорот и затоа ќе му биде испратена про-фактура која треба да ја плати во рок не подолг од 30 дена. Во спротивно HOSTIKO.mk може да ги суспендира услугите на клиентот, делумно или целосно избрише податоците кои се предмет на хостирање. HOSTIKO.mk не презема никаква одговорност за делумно прекунување на услугата и евентуалните штети на клиентот доколку клиентот не ги плати навреме своите обврски.

21. HOSTIKO.mk овозможува селективно враќање на одредени фајлови од локален backup и истата услуга се наплаќа еднократно и чини 990 денари.

22. HOSTIKO.mk гарантира две бесплатни враќање на целосен backup од локален сервер годишно, а секој нареден пат оваа услуга HOSTIKO.mk еднократно ќе ја наплати 1,990 денари.

23. По барање на клиентот, HOSTIKO.mk ќе овозможи услуга: враќање на податоци од надворешен сервер по цена од 1990 денари. HOSTIKO.mk не ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.

24. Во случај на терминирање на хостинг услугите поради неплатен долг, доколку клиентот сака да ги преземе неговите податоци без реактивација на услугата, должен е да плати 1,990 денари до 10 дена од терминирањето. По истекот на тие 10 дена, цената за истата услуга ќе изнесува 2,990 денари. Со плаќање на оваа сума, клиентот ќе добие копија од неговите податоци на терминираниот хостинг доколку HOSTIKO.mk поседува резервна копија. Во спротивно HOSTIKO.mk нема никакви обрврски. HOSTIKO.mk нема да ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.

25. Во случај на подмирување на сите неплатени долгови во рок од 10 дена од страна на клиент со терминирани хостинг услуги, и доколку клиентот сака да продолжи со обновување на услугата, HOSTIKO.mk по потреба на клиентот ќе изврши враќање на податоци од локален сервер и за истата услуга еднократно ќе наплати 1,990 денари. Доколку се изминати повеќе од 10 дена од терминирање на хостингот, цената за враќање на податоци од надворешен сервер ќе изнесува 2,990 денари. HOSTIKO.mk нема обврска да чува резерврна копија и не сноси одговорност за тоа. HOSTIKO.mk нема да ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.

Откажување

26. Доколку клиентот сака да ги откажи услугите во предвидениот рок, има можност да побара снимање на податоците од неговиот простор на оптички медиум кој ќе му биде испратен по пошта. Нашата услуга за снимање и праќање на податоци по пошта чини 3,990 денари

Гаранција

27. HOSTIKO.mk дава гаранција за активност на серверите од 99%.

28. Сепак во никој случај HOSTIKO.mk не може да биде држен одговорен за било која директна, индиректна, посебна, казнена или консеквентна штета која резултира на било кој начин од употребата или неможноста за употреба на услугите кои ги нудиме, или пак од користењето на веб просторот кој го закупува некој наш клиент.

Злоупотреба

29. Клиентот нема право услугата да ја злоупотребува за неовластен пристап до податоци на серверот или податоци на други клиенти. Во спротивно клиентот може веднаш да биде исклучен без известуавње и без право на поврат на платените средства за услугата. покрај тоа сноси и кривична одговорност за неовластен пристап до недозволени информации и ќе се третира како ИТ криминал.

Хардверски проблем

30. Во случај на хардверски дефект/проблем со ( RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, МАКС ХОСТИНГ се обврзува да го отстрани дефектот во периодот до 7 работни денови. Доколку проблемот е во хардискот, каде што се сместени податоците, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои имаме backup кој е генериран по автоматизиран пат, но сепак не гарантираме за податоците и нивната исправност вратени од backup серверот. Клиентот е секогаш должен да има своја резервна копија од веб сајтот.

Преоптеретување

31. Секој веб сајт троши ресурси како што се процесор, меморија, мрежни ресурси. Доколку вашиот сајт е хостиран на основните или reseller пакетите тогаш ние не толелираме злоупотреба, надминување односно оптеретување на ресурсите на серверот од страна на еден корисник во однос на останатите на истиот сервер. Ресурсите на еден хостинг или reseller сервер мора да бидат распоредени за сите корисници еднакво, така што се ограничува користењето на процесорот и рам меморијата. Прекумерното користење на процесорот и меморијата на еден или повеќе корисници доведува до екстремно забавување на серверот. Доколку дојде до оптеретување на серверот од страна на еден корисник, истиот може да биде суспендиреан без претходно известување. Нашиот технички тим може, но не е обврзан да помогне во одстранување на проблемот со сајтот кој го оптеретува серверот. Доколку некој корисник има потреба од повеќе ресурси како што се рам и процесор тогаш неопходно е да се надогради до Виртуелен Сервер или Дедициран сервер односно до пакет кој нуди гарантирани ресурси на меморија и процесор. 

Ограничувања:

• Еден хостинг корисник не смее да надминува искористување на рам меморијата повеќе од 10%

• Не се дозволува надминување на оптеретеноста на процесорот над 12% по хостинг

• Apache конекциите се лимитирани на максимални 120 конекции во секунда

• 100 MySQL конекции е дозволениот максимум

• Поради заштита од спамирање поставен е лимит од максимален број на 250 испратени е-маил пораки во рок од еден час

• Shared хостинг пакетите ги имаат следните ограничувања :

    – За хостинг пакетот LEMON од 10GB максималниот број на inodes изнесува 8.000
    – За хостинг пакетот MANGO од 20GB максималниот број на inodes изнесува 25.000
    – За хостинг пакетот COCONUT од 50GB максималниот број на inodes изнесува 70.000

Максималната големемина на email сандаче е 2GB.

Овие ограничувања НЕ ВАЖАТ за Виртуелените и дедицираните сервер! Дополнително постојат и останати исклучоци од овие правила!

Овие правила и услови може да бидат променети без претходна најава

Поради развојот на нашиот бизнис и променливата природа на веб хостинг индустријата, овие правила на користење на услугите може да бидат променети. Промените ќе бидат објавени тука и продолжувањето со користењето на продуктите и услугите значи дека ги прифаќате промените кои сме ги направиле.

Надомест на штета

32. Доколку тимот на HOSTIKO.mk биде тужен и му се заканува тужба од трети лица поради нешто кое вие сте го направиле со користењето на услугите или како наш соработник, вие се согласувате да ги сносите последиците доколку се констатира дека HOSTIKO.mk е виновен или треба да плати паричен надомест за помирување. Во правна смисла, ова се нарекува надомест на штета. Не само што се сложувате да ги рефундирате средствата кои сме ги дале за да ја задоволиме пресудата или да го решиме сето тоа спогодбено, туку исто така се сложувате да ги платите и адвокатските хонорари на оние кои ќе не застапуваат и сите други трошоци со кои HOSTIKO.mk може да се здобие бранејќи се себе си.